| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ ветиле дека ќе ја вработат како балерина во ресторан – завршила како проститутка

prostitution

Жител на село Лојане, Кумановско бил уапсен бидејќи прошверцувал девојка од Косово на која ѝ ветил дека ќе работи како балерина во ресторан. Тој ја дрогирал девојката и ја терал на проституција сѐ додека таа не успеала да се јави во полиција.

Одделението за илегална миграција и прекуграничен криминал при РЦ „Север“ поднесе кривична пријава за К.И.(22) од село Лојане, Кумановско, за сторено кривично дело шверцување мигранти. На 18.08.2013 година пријавената по претходен договор со неколку лица ѝ овозможила на косовската државјанка Б.М.(23) без патна исправа, заедно со уште четири лица од Албанија и Македонија илегално да остварат влез во Р Македонија, по што Б.М. била прифатена и сместена во стан во Тетово, ветувајќи и дека ќе работи како балерина и пејачка во угостителски објект во Тетово. По ова, на 20.08.2013 пријавената ја присилила Б.М. да консумира наркотична дрога и алкохол заканувајќи ѝ се по нејзиниот живот и присилувајќи ја да остварува контакти со присутните гости во објектот. Б.М. искористувајќи го моментот на невнимание успеала телефонски да го пријави случајот во СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top