| четврток, 6 декември 2018 |

„Јастребите“ им ја симнаа круната на „кралевите“ од Сакраменто

Перо Антиќ и Атланта Хоукс ноќеска ја извојуваа втората победа во четвртиот натпревар од новата сезона во НБА. „Јастребите“ ги добија Кралевите со 105-100, а најзаслужни за победата беа Ал Хорфорд и Пол Милсап, кои заедно постигнаа 52 поени.

Антиќ имаше солиден ефект во победата на Атланта. Играше 15.33 минути, при што постигна 5 поени, од кои една тројка, а имаше и еден скок.

Атланта во последната четвртина имаше водство од 19 поени, но „кралевите“ успеаја да стигнат до 96-95 на 2,46 минути до крајот. Сепак, немаа сила за комплетен пресврт.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top