| четврток, 6 декември 2018 |

Нато нема да реагира на изјавите на Претседателот Иванов

Северно – атланската алијанса ги анализира изјавите на македонскиот претседател Иванов кој вчера остро го нападна НАТО изјавувајќи дека и покрај тоа што Македонија е четврти контрибутор на војници во Авганистан  алијансата не прави ништо за да се смени ситуацијата наметната од Грција.

Поранешен претставник на НАТО кој инсистира на анонимност вели дека алијансата е свесна дека Претседателот Иванов е во право кога зборува за моралните аспекти на проблемот со приемот на Македонија која е целосно подготвена да стане полноправен член. Сепак изворот на„Република“ вели дека македонските претставници мора да имаат на ум дека НАТО не може лесно да се откаже од процедурите и правилата врз основа на кои во Букурешт беше донесена одлуката за позицијата на Македонија. Една од тие процедури е консензус при носење на одлуки за прием на нови членки. 

Пресудата на меѓународниот суд на правдата во Хаг на која се повикуваат македонските претставници исто така не може да влијае на одлуката на НАТО кој има свои механизми според кои засега Грција има право да го блокира влезот на Македонија. Можеби ОН се местото каде што може да се провери уптребната вредност на пресудата но НАТО не е тоа место. Не верувам дека НАТО ќе реагира затоа што нема морално право да му одговори Иванов за неговите изјави кои во суштина се на место, но мора да знаете дека се додека нема договор со Грција за името не треба да очекувате промена во ставот на аијансата, вели изворот на „Република“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top