Со лажни фактури и нелегални трансакции за три години успеале да заработат околу 3,3 милиони евра. 9 бизнисмени функционирале како злосторничко здружување и делувале во Прилеп, Битола и Струмица, објави „Сител“.
Организатор на групата бил битолчанец, сопственикот на фирмата Римкос Трејд. Дел од групата е и србин, кој бил потплатен од организаторот и учествувал во финансискиот криминал.
Според сомневањата на финансиска полиција, сопственикот на Римкос Трејд, им пуштал пари на сметките на 6те фирми за да им го отплати откупот на старо железо.
Но, освен сумата за отпадот, тој исплаќал пари и за ДДВ, а не требало, бидејќи според закон, отпадот купен од физички лица не подлежи на ДДВ.
Наместо како поединци, тие со фиктивни фактури се претставувале како фирми. Учесниците се збогатиле од ДДВ и персонален данок кој не им следува, а сопственикот на Римкос Трејд се богател од поврат на тоа непостоечко ДДВ.
Осуммината македонски државјани попладнево беа донесени на распит пред истражен судија. Србинот кој фигурирал само формално како управител, се уште е недостапен за органите на прогонот.
Истражниот судија, по распитот им одреди мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна


