Македонскиот драмски писател Дејан Дуковски и познатиот српскиот режисер Горан Паскаљевиќ, по антологискиот „Буре барут“, повторно ќе соработуваат. Дуковски во интервју за српскиот весник „Вечерње новости“ изјави дека има желба да напише филмско сценарио според неговиот текст „Изгубени Германци“, кој годинава беше поставен на сцената на МНТ во режија на Слободан Унковски.
– Во моментов не можам да кажам нешто повеќе за соработката со Паскаљевиќ. Многу му се радувам на новиот филм, меѓу другото и поради тоа што Белград е град што го сакам и во кој сум имал среќа да доживеам некои од моите најубави моменти – изјави Дуковски за српскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


