Голферот број еден во светот, Тајгер Вудс, го сопре сообраќајот на Босфорскиот мост во Истанбул денеска, кога удри голф топче од еден континент до друг, пренесува британскиот Telegraph.
Едната релацијата на Босфорскиот мост, кој е еден од најпрометните патишта, беше затворена за сообраќај, а илјадници луѓе застанаа да го гледаат Вудс како го удира топче преку мостот, од Европа до Азија.
Овој настан е со цел промовирање на учеството на Вудс во финалето на Turkish Airlines World Golf во Анталија оваа недела, за што голферот ќе добие 1.5 милиони фунти.
Со овој турнир, заработката на Тајгер Вудс ќе стигне до 5 милиони фунти, само за изминатиот месец. Тајгер Вудс сè уште е најплатениот спортист во светото, со заработка од 78 милиони долари за минатата година.
Погледнете го видеото од настанот, направено од локална телевизија:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


