| четврток, 6 декември 2018 |

Осквернавена спомен-плоча на македонски поет Андреј Петкович во Риека

rieka

Во Риека е искршена спомен-плочата напишана на хрватски и на македонски јазик, која е посветена на македонскиот поет, просветител, лингвист и дипломат Андреј Петкович.

Како што соопшти полицијатa нa Приморско-горанската жупанија, овој случај е пријавен вчера и интензивно се истражува.

Плочата со латиничен натпис на хрватски и кириличен на македонски јазик се наоѓа на влезот на една зграда, а е поставена минатата година во спомен на работата на Андреј Петкович во својство на руски царски конзул во Риека, од 1873 до 1892 година.

Петкович е роден во Велес, а студирал во Санкт Петербург, од каде што започнал во службата на руската државна управа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top