Ја поддржувам иницијативата за името „Славо албанска Македонија“, изјавил Папуљас, пренесува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“.
Грчкиот претседател Каролос Папуљас на денешната средба во Тирана со албанскиот претседател Бујар Нишани, разговарале и за проблемот за името со Македонија.
– Треба да се најде име кое ќе биде прифатливо за сите со географска одредница и за севкупна употреба. Ја поддржувам иницијативата за името „Славо албанска Македонија“, изјавил Папуљас, пренесува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“.
Папуљас на денешната средба со Нишани, меѓу другото, искажал силна поддршка за европската интеграција на Албанија.
Претседателот на Грција изјавил дека грчкото малцинство во Албанија и албанските емигранти во Грција претставуваат мост на поврзување меѓу двете земји.
Во изјавите, двајцата претседатели не кажале ни збор за прашањето на Чамите, протерани Албанци од Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.