| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно нападната црквата во село Октиси

oktisi crkva

Непознат сторител извршил кражба во црквата Св. Димитрија во струшкото село Октиси и одзел еден бронзен свешталник.

Кражбата била извршена кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец по претходно насилно отворање на влезната двокрилна врата од црквата лоцирана во месноста Браној во атарот на селото Октиси.

– Откако влегол во внатрешноста на црквата, засега непознатиот сторител извршил пребарување низ црковните простории по што противправно го одзел бронзениот свешталник. На лице место извршен е увид, а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во периодот од 15 до 27 септември годинава, непознат сторител го запали платното со кое биле покриени свеќите во оваа црква и фрлил на подот една од иконите.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top