Себастијан Фетел си поигрува со конкурентите во Формула 1, а победите ги ниже лесно и уверливо. Денеска германскиот шампион ја прокнижи седмата победа во серија, со успешно возење во Абу Даби, за потврда на новата, четврта едноподруго титула. Трофејот Фетел го освои уште на минатата трка во Индија, но и овојпат не дозволи изненадување, иако сѐ е веќе јасно во Ф1 сезонава.
Со 347 поени Фетел е лидер, пред Алонско кој денеска го освои четвртото место и Кими Раиконен, пилот кој остана без бодови во Абу Даби.
На патеката „Јас Марина“ во Обединетите Арапски Емирати втор беше Марк Вебер, а на третата позиција се пласира Нико Розберг.
Интересно е што Фетел го израмни рекордот на сонародникот Михаел Шумахер со 7 победи во серија, забележан во 2004 година. Алберто Аскари во сезоната 1952-53 имаше 9 победи по ред, но тогаш циклусот на натпревари беше во две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.