Како што соопштуваат нигериските власти, најмалку 30 лица убиени се во Нигерија од заседа крај пат додека се враќале од свадба, а меѓу убиените е и младоженецот.
Масакрот се случил вчера, но телата се пронајдени дури откако бил расчистен патот.
Потврда за нападот засега не е стасана од сектата „Боко Харам“, која неодамна претрпе силен удар од војската во североисточниот дел на Нигерија.
„Боко Харам“ е најголемата закана по безбедноста во Нигерија од 2009 година, кога почна оружен бунт, барајќи воведување на шеријатското право и укинување на образовниот систем по примерот на западот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


