| четврток, 6 декември 2018 |

318 нови полициски службеници потпишаа заклетва

По завршена едногодишна обука, денеска триста и осумнаесет нови полициски службениципотпишаа заклетва за чесна и одговорна работа.

На церемонијата што се одржа во Центарот за обука на кадри од областа на безбедноста министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска истакна дека новопримените полициски службеници имаат потенцијал и дека од нив очекува совесно постапување.

– Заради новиот начин на селекција кој за прв пат го промовиравме, како и професионалната заложба и посветеноста на сите инволвирани во обуката, вашата генерација е веројатно најдобрата и најперспективната досега, рече министерката Јанкулоска.

Како што истакна министерката потпишувањето на заклетвата, не значи крај, туку почеток на обврските. Таа додаде и дека покрај ригорозните критериуми во изминатите 12 месеци, идните полицајци мошне успешно ги совладаа потребните компетенции за полициско постапување при одржувањето на јавниот ред и мир, при полициското работење во областа на сообраќајот и при полициското работење во делот на граничното обезбедување.

Основната обука за кандидатите за полициски службеници што денеска потпишаа заклетва почна на 5 ноември минатата година. Дванаесетмесечната обука ја почнаа 331 кандидат, а ја завршија 318.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top