Атентаторот тврди дека иранскиот водач лично од него побарал да го убие Папата „во името на Алах“. Агча за кого лекарите утврдиле дека има ментални проблеми, раскажал дека откако избегал од затвор во Турција, каде издржувал казна на убиство на новинар, стигнал до Иран каде што го посетил врховниот водач Хомеини.
– Мораш да го убиеш Папата во име на Алах. Мораш да го убиеш тој пратеник на Ѓаволот на Земјата. Смрт за водачот на лицемерните неверници. Нека твојата рака го убие Јован Павле! Не се семневај, имај верба, убиј за него, убиј го тој антихрист, убиј го без ниту малку грижа на совест, а потоа одземи си го сам животот за обидот на предавство да не го упропасти твојот живот, пишува во книгата атентаторот.
Во книгата Агча изнесува и детали од средбата со Папата кој дошол да се потсети и да му прости за атентатот на 27 декември 1983 година.
Светата столица ги смета за невистинити изјавите на Турчинот, а иранската амбасада зборовите на Агча ги оцени како клевета.
Обидот за атентат беше извршен во јули 1981 година во кој Папата беше тешко ранет. Се претпоставуваше дека зад нападот стои бугарската тајна служба но никогаш не се докажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


