Давид Ферер беше подобар од Рафаел Надал во шпанската тениска пресметка во Париз и се избори за настап во утрешното финале, во кое против Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата освоена лани. Со првиот триумф над Надал по две години пауза, Ферер се избори за настап во завршниот меч, а вечерва славеше со 6-3,7-5.
Надал сепак ќе остане првопласиран на светската ранг-листа, иако овој пораз му дава шанса на Ѓоковиќ да ја врати лидерската позиција, само ако слави утре во финалето во Париз, и потоа на завршниот мастерс куп во Лондон оствари подобар резултат од Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.