Дебарската полиција вчера на граничниот премин Блато го уапсила Таулант Цапа, напаѓачот на македонскиот премиер Никола Груевски кој што лани во ноемви во Тирана со јајца и пластични чаши го нападна возилото на премиерот.
Цапа според неофицијални информации на „Република“ бил баран со потерница од страна на МВР а на слобода бил пуштен откако поминал неколку часа во дебарската полициска станица.

Возилото на премиерот лани во ноември беше дел од конвојот на македонската делегација која учествуваше на прославата на 100 години од Албанската држава.

Дебарчанецот Цапа кој што беше идентификуван од страна на албанската полиција откако на телевизија блиска со безбедносните служби беше објавена видео снимка од нападот по што тој тогаш беше уапсен во неговиот дом во Тирана.
Цапа е член на Цивилната Партија од Албанија а во своите медиумски настапи најавуваше дека ќе формира нова партија во Македонија која ќе се бори за правата на Албанците во Македонија кои според него биле загрозени од „Славомакедонците“.
Лани во Неомври Цапа беше ослободен од судот во Тирана кој го судеше за „напад на странски официјален претставник“ по што му беше наложено секоја недела да се јавува во полиција.
Извори во неговото пошироко семејство велат дека враќањето на Цапа во Македонија пои едногодишно одсуство било прославено со прием на кој учествувале повеќе од 200 гости од јавниот и политичкиот живот во Македонија.
Дел од медиумите лани информираа дека Цапа бил ослободенод обвинението во Тирана по притисокот кој на тогашниот премиер Сали Бериша го извршиле високи претставници на ДУИ.

Таулант Цапа меѓу другите политички тези во јавноста пласира и идеја дека Александар Велики не е Македонец ниту Грк туку Албанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


