| четврток, 6 декември 2018 |

Мијалков: Живеам во стан под кирија, но адресата не смеaм да ја кажам

mijalkov

Лагите и манипулациите на Шекеринска излегоа на виделина пред целокупната македонска јавност. Вчера преку сите медиуми беше повикана доколку поседува макар еден доказ во прилог на клеветите за „незаконско дуплирање на имотот“ денеска да го приложи до јавниот обвинител. Наместо да постапи согласно законите на Република Македонија, таа одлучи да се крие зад собраниската говорница и со конфузни изјави да продолжи да ги спроведува стратегиите на спуштање на нивото на комуникација и лично омаловажување, се наведува во реакција на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

„Шекеринска е во очај и очигледно е збунета кога првин вели дека немало, па потоа дека имало одговор. Важно е дека јавноста увиде дека нејзиниот капацитет и врвна политичка умешност се состојат во повторувањето на истите клевети на Љубе Бошкоски за кои беше констатирано дека се лажни и неточни од страна на судот и за кои и самиот Бошкоски јавно се извини и призна. Вчера сите медиуми и целокупната јавност можеа да се уверат дека не постои незаконско удвојување на имотот туку тоа е само уште една во низата измислици на Шекеринска. Јавноста доби одговор за продажбата на уделот во фирмата која главно се занимава со градежништво, а на медиумите им беше приложен и мојот одговор од 2011 година каде точно се наведува и името на фирмата и целосната постапка“, соопшти директорот на УБК.
Тој истакнува дека од безбедносни причини не би можел да ја сподели со јавноста адресата на која живее, но истана оти е точнодека во моментов живее во стан под кирија.
„Доколку Шекеринска има барем еден доказ дека тој стан е моја сопственост и не сум го пријавил или пак дека постои било каква незаконитост во врска со ова, ја повикувам истиот да го приложи. Во спротивно и тоа ќе и се смета за уште една во низата измислици и клевети“, се наведува во соопштението од Мијалков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top