| четврток, 6 декември 2018 |

Фотогалерија: Литванец се обидел да прошверцува 16 килограми марихуана на Табановце

litvanec droga

На граничниот премин Табановце утрово цариниците запленија поголемо количество марихуана кое со своето возило го пренесувал државјанин на Литванија.

litvanec droga1

Се работи за 16 килограми марихуана вредни 320.000 евра кои државјанин на Литванија се обидел да ги прошверцува со својот автомобил марка Мерцедес со германски регистерски ознаки.

litvanec droga2

Литванецот во Македонија доаѓал од Тирана, а на цариниците им кажал дека нема ништо да пријави. Дрогата била сокриена во подот на возилото, под ладицата и во левото и десното подкрило, а била спакувана во 28 пакетчиња.

Инаку, осомичениот тргнал од Литванија кон Германија кај негов пријател кој му го купил возилото со кое тој ја пренесувал марихуаната.

litvanec droga3

Против Литванецот ќе следува соодветна кривична пријава.

litvanec droga4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top