| четврток, 6 декември 2018 |

Дорис Пак очекува датум за преговори за Македонија

Doris Pak

Извештајот од ЕК е пријателски за Македонија и тој отвара врати европскиот совет во декември да донесе позитивна одлука за вашата земја. Ова денеска го истакна европратеничката Дорис Пак пред студентите од Правниот факултет во Скопје.

Таа ја посети земјава на поакана од фондацијата Конрад Аденауер. Дел од нејзината агенда беше и средба со учениците од основното училеште „Браќа Миладиновци“.

Придружувана од министерот за образование, таа го посети училиштето да види и да слушне каков е образовниот систем во Македонија.

-Тука се обучуваат деца за да станат добри граѓани на Европа. Стандардот тука е одличен, дури можам да кажам дека би била среќна доколку и во Германија имаме училишта со ваков стандард. Ова е специјализирано училиште кое, пред се, се базира на развивање на интернет вештините, изјави Пак.

-Сакавме госпоѓата Пак да го посети ова училиште, да се увери во можностите и капацитетите на нашиот образовен систем и да се фокусира на можноста која Република Македонија ја дава во насока на сериозни инвестиции во образованието, не само во инфраструктурата, туку инвестиции во вистински развој и креирање вистински образовен систем. Ова е посебна програма во која децата се многу повеќе интерактивно вклучени во практичната работа и во информатичката технологија, рече Ристовски.

Европратеничката разговараше и со вицепремиерот за евроинтеграции. Пораката која му ја пренесе од Брисел е да се промовираат европските вредности зошто тие ќе ја донесат Европа во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top