| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштени во продажба влезниците за Вардар – Балонмано Бера Бера

По одличните резултати на натпреварите против Ларвик и Подравка, ракометарките на Вардар СЦБТ во 5.коло го пречекуваат шампионот на Шпанија, Балонмано Бера Бера.

Влезниците за овој меч, кој, според програмата, се игра на 10.11 (недела), и кој доаѓа по гостувањето следниот викенд во Копривница на дуелот од 4. коло против Подравка, се пуштени во продажба од 30.10 (среда).

Цената ќе биде иста како на претходните два натпревара, за во партер 200 денари, а за другите 100 денари.

Натпреварот се игра од 18.00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top