Децата родени со карактеристики на двата пола ќе се регистраат ниту како машки ниту како женски. Германија со носењето на новите закони ќе биде првата европска земја која ќе го дозволи ова. На родителите ќе им биде дозволено на изводот од Матичната книга на родени, полето за ознака на полот да го остават празно, со што во јавниот регистар практично се создава категорија на неодреден пол.
– Ова ќе биде првпат со закон да се признае дека постојат човечки суштества кои не се ниту машки, ниту женски, или се и двете, луѓе што не се вклопуваат во традиционалните правни категории – изјави Констанца Плет, професор по право на Универзитетот во Бремен и додаде дека по ова ќе мора да се направи и промена на правилата за останатите лични документи.
И покрај тоа што законот веќе стапи во сила, сè уште не се отстранети прашањата како ќе изгледа животот без законски одреден пол.
Експертите проценуваат дека на секои 1.500 до 2.000 деца се раѓа по едно со неодреден пол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


