| четврток, 6 декември 2018 |

Берово, Пехчево, Делчево и Виница останаа без педијатар

pedijatar

Еднствениот доктор-педијатар од Пехчево заминува во заслужена пензија, па јавното здравство во овој град, но и во Берово, Пехчево, Делчево и во Виница, ќе остане без лекар за деца, објави штипската телевизија „Стар“.

Според докторката која заминува во пензија и засега нема наследник во оваа медицинска област, била направена грешка во самата реорганизација на здравството, па специјалисти- педијатри заминувале како концесионери во приватни одринации каде што работат со пациенти од сите возрасти.

И во Делчево веќе половина година во здравствниот дом нема педијатар, па превентивната педијатриска служба ја води специјалист по школска медицина. Пехчево годинава првпат забележува раст на наталитетот. До крајот на годинава очекуваат да се родат 10 бебиња повеќе за разлика од сите претходни години, или 41 новороденче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top