| четврток, 6 декември 2018 |

Т-Мобиле Македонија се присоединува со Македонски телеком

telekomТ-Мобиле Македонија се присоединува со Македонски телеком, соопштија од компанијата. Според соопштението, одборите на директори на Македонски телеком и на Т-Мобиле Македонија го одобриле присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски телеком. Со тоа, датум на престанок на деловните активности на Т-Мобиле Македонија  ќе биде 31.12.2013 година. Спогодбата за присоединување ќе биде предмет на конечна потврда од Собранијата на двете друштва.

„Спогодбата ќе биде доставена за предбележба во Трговскиот регистар кој го води Централниот регистар на Република Македонија и сите известувања ќе бидат објавени во согласност со одредбите на Законот за трговски друштва и другите применливи закони“, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top