| четврток, 6 декември 2018 |

Натали Портман ѝ украде филмска улога на нашата Катарина Ивановска

– Влегов во најтесниот круг, останавме две девојки. Не сакаа да ми кажат која е другата, но се шпекулираше дека е Натали Портман – зборува убавата Кики во најавата за најновата епизода од шоуто „Еден на Еден“ која беше ставена на „Јутјуб“.

katarina

Во истото видео гледаме дека Кики ќе открие и многу други интересни детали за нејзината кариера. Како големите дизајнери честопати моделите ги плаќаат во облека наместо пари, како се знаела само 5 минути со Дарко Митревски пред да ѝ понуди главна улога во „Трето Полувреме“, а и дека многу ѝ пречи тоа што мажите се плашат да ѝ пријдат.

katarina zare

Што испланирале Жаре и Кики ќе дознаеме во недела на тв Алфа, во 20.40 часот. Гледајте „Еден на Еден“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top