| четврток, 6 декември 2018 |

Благица Павловска црта светци

Фолк-пејачката открива дека во моментов не е насочена кон наоѓање на принцот на белиот коњ, туку е посветена кон Бога и кон духовноста.

– Последните четири години сум препуштена на креација и на молитва кон Бог. Бог ми ги отвори духовните очи, ми даде светлина да креирам, почнав да пишувам песни, музика, а последно е што почнав да цртам, а во тетратката имам неколку светци што ги нацртав – вели Благица Павловска во интервју за „Утрински весник“.

Таа додава дека не стигнала да одговори на понудата на организаторите да се приклучи во „Фарма“ и дека иако го прати шоуто на телевизија, смета дека не припаѓа таму.

– Што не ми се допаѓа на „Фарма“? Вулгарноста, тоа за мене е катастрофа. Никогаш во животот не сакам да бидам вулгарна, ниту сум била, ниту сум дозволила од мојата уста да излегуваат валкани работи. Не знам како би го преживеала тоа – вели Павловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top