| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска поевтинува мобилната телефонија

luge-mobilni-300x155Големопродажните цени за говорни услуги и за СМС во мобилната телефонија од денеска се намалуваат. Цените за интерконекција кај говорните услуги паднаа од досегашните 4 и 3,2 денари на сегашните 1,2 денари и важат симетрично за сите оператори.

Исто така, падна и големопродажната цена за СМС од досегашните 2 денари на 0,5 денари. Агенцијата за електронски комуникации очекува после ова намалување и мобилните оператори да ги намалат цените на СМС за своите корисници за 75 проценти и тие да чинат 1,25 денар наместо сегашните 5 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top