За неколку децении Албанците ќе станат најбројна нација на Западен Балкан, бидејќи само во државите во кои тие живеат е регистриран позитивен природен прираст, јави турската агенција Анадолија, повикувајќи се на резултатите од едно истражување на Светската банка. Во останатите земји, како Босна и Хервеговина, Србија и Хрватска бројот на починати лица во последниве години е поголем од бројот на новородените,
Во анализата на СБ, насловена „Показатели за светскиот развој“, и во иднина најголем прираст на населението на Балканот ќе има во Косово. Според Банката, во периодот 2010-2020 година Косово се очекува да има просечен годишен природен прираст од 0,7 отсто, што би бил еден од највисоките во Европа.
По Косово следи Албанија со очекуван годишен природен прираст од 0,2 проценти, а на третото место е Македонија, која според Банката „има голем процент на албанско население“, со нулта стапка на прираст, односно со ист број на новородени и починати.
Во сите останати земји од Западен Балкан ќе има негативен природен прираст.
Највисок природен прираст од 3,5 проценти во светот се очекува во Нигер, а во Европа во Турција и Ирска од по еден отсто. Најголем негативен природен прираст во Европа Светската банка предвидува за Бугарија од минус 0,7 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
-
Во Лондон се одржува петтиот самит на лидерите од Западен Балкан