Собраниската седница на чијшто дневен ред се пратенички прашања почна попладнево со прашање до министерот за економија Ваљон Сарачини за вкупните приходи остварени во Република Македонија од оваа летна сезона, споредено со приходите остварувани во минатите години.
– Има позитивен драстичен пораст на бројот на туристи, особено странски, како резултат на серијата владини мерки, активности и субвенции за развој на туризмот – нагласи министерот Сарачини.
Тој посочи дека бројот на туристи во Република Македонија, според последните податоци од Државниот завод за статистика, се зголемува за 12 проценти секоја година. До 2020 година целта е, како што рече, приходите од туризмот да постигнат пет проценти од вкупниот БДП.
Информира дека минатата година приходите од туризмот изнесувале околу 180-200 милиони долари, а годинава, во согласност со последните податоци, се 138 милиони долари.
За тоа колкав е процентот на учеството од приходите од руралниот туризам од вкупниот приход од туризмот во 2013 година, Сарачини најави поволни кредити за развој на овој туризам, а секое село, подвлече, може да планира да направи промотивни туристички рурални куќи, кои ќе се категоризираат во согласност со закон.
Тој ги повика локалните власти што е можно повеќе да се вклучат во промоција на туризмот.
Министерот Сарачини потсети дека Владата за развој на туризмот има преземено и мерки поврзани со туристичките агенции и авио превозниците, а во таа насока во април 2014 година се планираат нови три авиолинии за да се зголеми бројот на странски туристи.
Најави и отворање шест до осум туристички развојни зони, каде ќе се нудат бенефиции за изградба на хотели во Македонија. Тој информира дека се подготвува и проект за промоција на еко туризам односно посета на националните паркови, а изготвено е и туристичко упатство за домашните туристички агенции за задолжителна понуда на домашниот туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Нови студиски програми на англиски јазик на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (видео)
-
Размислете за Италија, Владата подарува вили и замоци