| четврток, 6 декември 2018 |

„Дојче банк“: Грција е политички стабилна

Deutsche BankВо „Дојче банк“ се оптимисти за политичката ситуација во Грција, а сегашната влада на премиерот Андонис Самарас е во рацете на една постабилна коалиција. Оценката е дел од извештајот на банката, пренесува грчката телевизија „Скај“.

Според анализата на „Дојче банк“, наспроти ограниченото парламентарно мнозинство по повлекувањето на партијата Демократска левица од коалицијата, двопартискиот кабинет во Атина повеќе ги поддржува реформите и нејзините активности сега се покоординирани. Најголемата комерцијална банка бележи позитивна промена во односите меѓу Грција и тројката меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

Според „Дојче банк“, засега не постои неопходност од ново отпишување на грчкиот долг и оценува дека за долгот може да се зборува по изборите за Европскиот парламент, во мај идната година. Според извештајот на банката, ризикот од банкрот за Грција е низок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top