| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отвораат туристички развојни зони

сарачини дохаИма позитивен драстичен пораст на бројот на туристи, особено странски, како резултат на серијата владини мерки, активности и субвенции за развој на туризмот, нагласи министерот за економија, Ваљон Сараќини во парламентот.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика, бројот на туристи се зголемува за 12 проценти секоја година.

Лани приходите од туризмот изнесувале околу 180-200 милиони долари, а годинава, во согласност со последните податоци, се 138 милиони долари. До 2020 година целта е, како што рече, приходите од туризмот да постигнат 5 проценти од вкупниот БДП.

За тоа колкав е процентот на учеството од приходите од руралниот туризам од вкупниот приход од туризмот во 2013 година, Сараќини најави поволни кредити за развој на овој туризам, а секое село, подвлече, може да планира да направи промотивни туристички рурални куќи, кои ќе се категоризираат во согласност со закон.

Најавени се и отворање од шест до осум туристички развојни зони, каде што ќе се нудат бенефиции за изградба на хотели во Македонија, а се подготвува и проект за промоција на екотуризам, односно посета на националните паркови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top