| четврток, 6 декември 2018 |

Вака изгледа Харис без марама

Црните пиратски марами и шапки веќе со години се заштитен знак на пејачот Харис Џиновиќ. Меѓутоа, пејачот за да извади виза за Велика Британија, мораше да се слика без марамата на глава. Да не беа неговите бркови, немаше да го препознаеме.

Но, наместо сликата без шапка да ја гледаат само цариниците, таа стана достапна за сите на интернет.

Џиновиќ првпат ја ставил шапката на почетокот на 80-тите години кога настапувал со групата „Сар е Рома“ и од тогаш тоа е негов заштитен знак.

Брковите последен пат ги избричил во војска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top