| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк забрани цигари за помлади од 21 година

cigari

Градскиот совет на Њујорк со 35 гласа „за“ и 10 „против“ одлучи да се забрани продажбата на обични и електронски цигари, како и тутун, за лица помлади од 21 година, што е највисоко ограничување во САД.

Претходната старосна граница за купување цигари во Њујорк беше 18 години.

Со американски сојузен закон е предвидена граница од 18 години, а само дел од државите од САД ја зголемија таа граница на 19 години.

Данокот на цигари е највисок во Њујорк, а властите сметаат дека со новата одлука процентот на млади кои пушат (возраст 18-20 години) ќе се намали за 55 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top