| четврток, 6 декември 2018 |

Мешовити бракови: Грк да, Албанец не

Живееме еден до друг, но не и еден со друг

„Да“ за ме­шо­вит брак,„ не“ за брак ме­ѓу Ал­бан­ци и Ма­ке­дон­ци. Ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци за склу­чу­ва­ње ме­шо­вит брак го­во­рат де­ка Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те во зем­ја­ва жи­ве­ат ед­ни до дру­ги, но не и ед­ни со дру­ги. Во те­кот на ми­на­та­та, 2012 го­ди­на, би­ле склу­че­ни 146 бра­ка ме­ѓу при­пад­ни­ци на овие две на­ци­о­нал­но­сти во зем­ја­ва, или не­што по­ве­ќе од еден про­цент од вкуп­ни­от број склу­че­ни бра­ко­ви – 13.991.

Ма­ке­дон­ци­те по­че­сто се ре­ша­ва­ат да вле­зат во брак со Ал­бан­ка, откол­ку Ма­ке­дон­ки­те со Ал­бан­ци. Би­ле склу­че­ни 132 бра­ка ме­ѓу Ма­ке­до­нец и Ал­бан­ка и са­мо 14 бра­ка ме­ѓу Ал­ба­нец и Ма­ке­дон­ка. Бро­јот на раз­во­ди кај ме­шо­ви­ти­те бра­ко­ви е мал – 16 раз­во­ди ми­на­та­та го­ди­на, а 146 склу­че­ни бра­ка. Од тие бра­ко­ви во кои брач­ни­от парт­нер  е од ма­ке­дон­ска ет­нич­ка при­пад­ност, а парт­нер­ка­та од ал­бан­ска са­мо осум бра­ка за­вр­ши­ле нес­лав­но, а иста е број­ка­та и кај обрат­ни­те слу­чаи. Од дру­га стра­на, во 2013 го­ди­на би­ле склу­че­ни 6.879 бра­ка ме­ѓу Ма­ке­дон­ци, а има­ло 1.074 раз­во­ди. Кај Ал­бан­ци­те суд­бо­нос­но­то „да“  го ка­жа­ле 4.597 двој­ки ка­де и двај­ца­та парт­не­ри се од ал­бан­ска на­ци­о­нал­на при­пад­ност, а има­ло 465 раз­во­ди.

Се­пак, во по­да­то­ци­те на Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка не е на­ве­де­на ре­ли­ги­ска­та при­пад­ност на брач­ни­те парт­не­ри. Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те ве­лат де­ка раз­ли­ка­та на бро­јот ме­ѓу бра­ко­ви­те со мла­до­же­нец  Ма­ке­до­нец и на тие со мла­до­же­нец Ал­ба­нец се ба­зи­ра на фа­ктот што мно­гу че­сто Ма­ке­дон­ци­те ку­пу­ва­ат не­ве­сти од со­сед­на Ал­ба­ни­ја.

Не се ра­бо­ти за тоа де­ка Ал­бан­ки­те се по­хра­бри да вле­зат во ме­шо­вит брак од Ал­бан­ци­те. Нај­че­сто не­ве­сти­те Ал­бан­ки не се од Ма­ке­до­ни­ја ту­ку се од Ал­ба­ни­ја и во нај­го­лем број од слу­ча­и­те се ра­бо­ти за не­ве­сти со ка­то­лич­ка ве­ро­ис­по­вед. Се­ка­ко, има иск­лу­чо­ци ко­га не­ве­ста­та е Ал­бан­ка од Ма­ке­до­ни­ја, но таа број­ка е приб­лиж­на на број­ка­та на склу­че­ни бра­ко­ви ме­ѓу Ал­ба­нец и Ма­ке­дон­ка – ве­лат поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те.

Бро­јот на бра­ко­ви ме­ѓу Ма­ке­дон­ци и Ал­бан­ци рас­те, до­кол­ку се зе­ме пред­вид број­ка­та од 2011 го­ди­на, ко­га би­ле склу­че­ни 127 бра­ка, или 10 бра­ка по­мал­ку. И то­гаш зна­чи­тел­но е по­го­лем бро­јот на тие бра­ко­ви во кои мла­до­же­не­цот е од ма­ке­дон­ска на­ци­о­нал­на при­пад­ност, а не­ве­ста­та од ал­бан­ска – 112.

couple

 По­до­бро Грк откол­ку Ал­ба­нец

Се чи­ни Ма­ке­дон­ци­те, а и Ал­бан­ци­те, не се за ет­нич­ки стро­го чи­сти бра­ко­ви, но се стро­го про­тив бра­ко­ви со парт­не­ри од ал­бан­ска, од­нос­но ма­ке­дон­ска ет­нич­ка при­пад­ност. 386 Ма­ке­дон­ци влег­ле во брак со парт­нер­ка од дру­га ет­нич­ка за­ед­ни­ца, а 244 Ма­ке­дон­ки се ре­ши­ле на исти­от че­кор.

Ма­ке­дон­ци­те по­лес­но би ста­пи­ле во брак со ли­це што се дек­ла­ри­ра ка­ко Грк, откол­ку со Ал­ба­нец и по­крај тоа што Гр­ци­те нѐ не­ги­ра­ат ка­ко на­ци­ја, ги не­ги­ра­ат на­ши­от ја­зик, на­ша­та др­жа­ва, на­ши­от иден­ти­тет.  Во Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка не е по­со­че­но кол­ку од ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни ста­пи­ле во брак со грч­ки гра­ѓа­ни за­што тие се сме­сте­ни во ка­те­го­ри­ја­та „дру­ги“. Но се­кој од нас поз­на­ва ба­рем по еден ма­ке­дон­ски др­жав­ја­нин што ста­пил во брак со парт­нер од грч­ка ет­нич­ка при­пад­ност.

Не би мо­же­ла да ста­пам во брак со Ал­ба­нец. Не знам, мо­же­би се ра­бо­ти за пре­дра­су­ди. Во­оп­што не­мам проб­лем со тие што из­бра­ле ме­шо­вит брак. Лич­но не ве­ру­вам де­ка би мо­же­ла да вле­зам во та­ква вр­ска и да ги истр­пам при­ти­со­ци­те и осу­да­та од лу­ѓе­то око­лу ме­не, од оп­штес­тво­то – ве­ли 32-го­диш­на­та Јо­ва­на, ко­ја е во вр­ска со Грк.

Сли­чен став има и 31-го­диш­на­та Але­ксан­дра П., ко­ја ве­ли:
Љу­бо­вта не поз­на­ва гра­ни­ци и раз­лич­ни ре­ли­гии. Но би­деј­ќи жи­ве­е­ме во сре­ди­на­та во ко­ја жи­ве­е­ме, по­лес­но и по­при­фат­ли­во е ста­пу­ва­ње во брак со Грк, кој не­ма по­ли­тич­ки пре­дра­су­ди.

Пе­де­сет и шес­тго­диш­на­та Вер­че ве­ли де­ка отсе­ко­гаш би­ла про­тив вр­ски­те на ма­ке­дон­ски­те де­вој­ки со не­кој од мус­ли­ман­ска­та ве­ро­ис­по­вед, без раз­ли­ка да­ли е Ал­ба­нец или Тур­чин.

– Сум би­ла све­док на тоа ка­ко на ед­на ве­се­ла и дру­же­љу­би­ва де­вој­ка мом­че­то на по­че­то­кот ѝ за­бра­ни да из­ле­гу­ва, да се дру­жи со при­ја­тел­ки­те, а по­доц­на и да збо­ру­ва со сво­е­то се­мејс­тво. Кол­ку и да е не­кој во ова вре­ме сло­бо­ден и не до тол­ку по­све­тен на ре­ли­ги­ја­та, не­го­во­то се­мејс­тво, си­гур­но, е – ни из­ја­ви таа.

Три­е­сет и две­го­диш­на­та Да­на е ед­на од ре­тки­те што ве­лат де­ка не за­ви­си од на­ци­о­нал­на­та при­пад­ност, ту­ку од са­ма­та лич­ност.

Не е важ­но да­ли е Грк или Ал­ба­нец. Важ­на е лич­но­ста – ко­мен­ти­ра Да­на.

Ист е слу­ча­јот и кај Ал­бан­ци­те. 218 Ал­бан­ки и 125 Ал­бан­ци се ре­ши­ле да ста­пат во брак со при­пад­ник на дру­га ет­нич­ка за­ед­ни­ца. Пет од овие Ал­бан­ци ми­на­та­та го­ди­на се ома­жи­ле за Ср­бин­ка, а три Ал­бан­ки со Ср­би.

Бро­јот на ме­шо­ви­ти бра­ко­ви ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те е мал би­деј­ќи жи­ве­е­ме во оп­штес­тво, кое сѐ уште не мо­же да сфа­ти де­ка та­кви­те бра­ко­ви мо­же да функ­ци­о­ни­ра­ат. Не би ре­кол де­ка ве­ра­та е проб­лем кол­ку што е на­ци­о­нал­на­та при­пад­ност, иа­ко во пос­лед­но вре­ме не­шта­та поч­ну­ва­ат да се ме­ну­ва­ат во по­зи­тив­на смис­ла, осо­бе­но ме­ѓу мла­ди­те – ве­ли три­е­сет и пе­тго­диш­ни­от Ибра­и­ми.

И три­е­се­тго­диш­на­та Ис­ма­и­ли сме­та де­ка не­до­раз­би­ра­ња­та ме­ѓу две­те  на­ци­о­нал­но­сти е глав­на при­чи­на што лу­ѓе­то се про­тив брак ме­ѓу при­пад­ни­ци на ма­ке­дон­ска­та и на ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца.

Ме­шо­ви­ти­те бра­ко­ви во Ма­ке­до­ни­ја ме­ѓу гра­ѓа­ни­те од ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца и од ал­бан­ска­та се ре­ткост, а ка­ко при­чи­на се на­ве­ду­ва­ат вер­ски­те пре­дра­су­ди. Сме­там де­ка го­лем проб­лем се и преч­ки­те и не­до­раз­би­ра­ња ме­ѓу нив. Пре­дра­су­ди­те се соз­да­ва­ат ка­ко пос­ле­ди­ца на не­поз­на­ва­ње на ед­ни со дру­ги. Мо­же да се ста­пи во брак са­мо ко­га две ин­ди­ви­дуи мо­же да ги над­ми­нат овие на­ве­де­ни преч­ки.  До­каз за тоа се и не тол­ку ре­тки­те слу­чаи ко­га еден Ал­ба­нец или Ал­бан­ка ста­пу­ва во брак со лич­ност од дру­га ве­ра или на­ци­ја, глав­но од за­пад­ни­те зем­ји. Од дру­га стра­на, пак, при­чи­на за ва­кви­те бра­ко­ви се фи­нан­си­ски­те це­ли за по­до­бар жи­вот – ко­мен­ти­ра таа.

Бе­га­ме од ре­ал­но­ста во ко­ја жи­ве­е­ме

Пре­дра­су­ди­те се ед­но, жи­вот­но­то искус­тво дру­го.  Но­ви­на­рот Бор­јан Јо­ва­нов­ски и актер­ка­та Амер­нис Но­кши­ќи има­ат две де­ца, кои поч­ну­ва­ат да се со­о­чу­ва­ат со пре­дра­су­ди­те на оп­штес­тво­то за ме­шо­ви­ти­те бра­ко­ви.

Не­о­дам­на на ќер­ка ми ѝ ре­коа „Шип­тар­че“. И јас и Бор­јан бев­ме под­го­тве­ни на тоа пре­ку раз­го­вор да ги ели­ми­ни­ра­ме та­кви­те ра­бо­ти.  Мо­и­те де­ца не пра­ват раз­ли­ка ме­ѓу Ром­че, Ма­ке­дон­че, Ал­бан­че, за­тоа што ние не пра­ви­ме та­кви раз­ли­ки. На ро­ди­те­ли­те на тие де­ца им по­со­чив да раз­го­ва­ра­ат со сво­и­те де­ца и да им го ра­ши­рат ви­ди­кот, да ги на­у­чат де­ка не тре­ба да пра­ват ди­скри­ми­на­ци­ја . Лу­ѓе­то се лу­ѓе, без раз­ли­ка да­ли се Ма­ке­дон­ци, Ал­бан­ци или Ро­ми. Сме­там де­ка сѐ е кул­ту­ра од до­ма.  Тој збор не­ма да го знае ако не се упо­тре­бу­ва до­ма – ве­ли Амер­нис во раз­го­вор за про­ект на УСАИД за раз­лич­но­сти­те.

Јо­ва­нов­ски е де­ци­ден:

Ка­ко што Бо­ра и Ка­ја тре­ба да ба­ра­ат то­ле­рант­ност од дру­ги­те, та­ка и тие тре­ба да ја по­ка­жат. Иа­ко сме оп­штес­тво на раз­лич­но­сти, не сме до­вол­но свес­ни за тоа. Пр­ва­та кук­ла на Бо­ра што ја ку­пив­ме бе­ше Црн­ка со иде­ја да се со­о­чи со тоа де­ка има и лу­ѓе со дру­га бо­ја на ко­жа… Мис­лам де­ка тре­ба да се по­ра­бо­ти на мул­ти­ет­нич­ки­от еле­мент – да не се де­лат лу­ѓе­то по на­ци­о­нал­ност. Раз­лич­но­ста тре­ба да ја екс­по­ни­ра­ме, а не да бе­га­ме од неа. А ние сѐ уште бе­га­ме од неа, бе­га­ме од ре­ал­но­ста во ко­ја жи­ве­е­ме.

Тој сме­та де­ка ме­шо­ви­ти­от брак ус­пе­ва по­ра­ди тоа што двај­ца­та се про­из­вод на две ли­бе­рал­ни, умет­нич­ки и ате­и­стич­ки се­мејс­тва во кои ни­ко­гаш не­ма­ло раз­го­вор за тоа овој е тоа, за­тоа е ва­ков или та­ков. Сре­ќен е што не­го­ви­те де­ца на две го­ди­ни поч­на­ле да ги збо­ру­ва­ат два­та ја­зи­ка.

Праз­ни­ци­те ми се збо­га­те­ни. Ако јас сум са­кал да ги од­бе­ле­жам Бо­жик и Бад­ник ка­ко уба­ви праз­ни­ци, се­га на тие де­но­ви ги имам и два­та Ба­јра­ма.  Бла­го­да­рен сум на бо­га што сум имал мож­ност да ја до­жи­ве­ам таа мул­ти­кул­тур­на за­ед­ни­ца – ве­ли Бор­јан Јо­ва­нов­ски.

Акте­рот  Ви­сар Ви­шка не­о­дам­на ста­пи во брак со во­ди­тел­ка­та Еле­на Ми­те­ва, се­га ве­ќе Еле­на Ви­шка  и им се ро­ди и пр­во­то де­те. Тој не са­ка мно­гу да збо­ру­ва за пре­дра­су­ди­те на оп­штес­тво­то за ме­шо­ви­ти­те бра­ко­ви.

Тоа е мој ин­ти­мен жи­вот и сѐ до­де­ка ни­ко­му не му да­вам пра­во да се ме­ша во мо­јот жи­вот, не­мам пра­во ни јас не­ко­му да му де­лам па­мет – ко­мен­ти­ра Ви­шка.

mesan brak1

фото: Ѓ. Личовски

Жи­вот во ме­шо­вит брак

Де­вој­ка­та со ко­ја раз­го­ва­рав­ме има 28 го­ди­ни. Таа е де­те од ме­шо­вит брак – мај­ка Ма­ке­дон­ка и та­тко Ал­ба­нец, но и двај­ца­та ро­де­ни во Ал­ба­ни­ја.  Жи­вее во Скоп­је и иа­ко че­сто се срет­ну­ва­ла со проб­ле­ми по­ра­ди пре­дра­су­ди­те во  оп­штес­тво­то ве­ли де­ка е среќ­на што е плод на љу­бов ме­ѓу Ал­ба­нец и Ма­ке­дон­ка.  Таа, ка­ко и неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли, е ви­со­ко­о­бра­зо­ва­на, а во неј­зи­но­то се­мејс­тво има звуч­ни ими­ња ка­ко во умет­но­ста, та­ка и во ме­ди­ци­на­та.

Не знам да­ли до­кол­ку мо­и­те ро­ди­те­ли би­ле ро­де­ни во Ма­ке­до­ни­ја ќе  мо­же­ле лес­но да ги над­ми­нат тие преч­ки, да­ли овој брак, во кој та­тко ми е мус­ли­ман и мо­ја­та мај­ка пра­вос­лав­на во­оп­што би по­сто­ел. Искре­но мис­лам де­ка шан­си­те би би­ле мно­гу ма­ли. Но та­му нив­ни­от брак се слу­чил без проб­ле­ми од се­мејс­тва­та. Че­сто ме пра­шу­ва­ат ка­ко е да се жи­вее во ме­шо­ви­то се­мејс­тво.  Тоа  не им е поз­на­то на тие што не жи­ве­ат во та­ква за­ед­ни­ца, но мо­е­то лич­но искус­тво е со­се­ма по­зи­тив­но и не­ма­ло ни­ка­кви преч­ки во мо­јот жи­вот од таа за­ед­ни­ца ту­ку, на­про­тив, сум се чув­ству­ва­ла при­ви­ле­ги­ра­на и среќ­на – ве­ли таа.

Ка­ко ма­ла се со­о­чу­ва­ла со проб­ле­ми по­ра­ди фа­ктот де­ка е де­те од ме­шо­вит брак, но тоа не бил тол­кав проб­лем, ве­ро­јат­но по­ра­ди фа­ктот што во тој пер­и­од ра­бо­ти­те и ко­му­ни­ка­ци­ја­та ме­ѓу две­те на­ци­о­нал­но­сти би­ла по­и­на­ква.

Сме­там де­ка на таа во­зраст, ко­га си де­те, има не­до­стиг од раз­би­ра­ње и сфа­ќа­ње. Ко­га ќе се на­вра­там на­на­зад, мо­же­би на по­че­то­кот, ко­га ќе за­поз­на­ам не­ко­го, има­ло не­кој по­и­на­ков од­нос, им би­ло чуд­но или има­ле не­кои пре­дра­су­ди, но отка­ко сфа­ти­ле де­ка јас сум по­зи­тив­на лич­ност, обра­зо­ва­на и кул­тур­на, не­ма­ле проб­ле­ми да ко­му­ни­ци­ра­ат со ме­не, да соз­да­ва­ат при­ја­телс­тва и тоа би­ло пре­крас­но дру­же­ње со мно­гу уба­ви спо­ме­ни.

Во се­мејс­тво­то на на­ша­та со­го­вор­нич­ка се праз­ну­ва­ат и пра­вос­лав­ни­те и мус­ли­ман­ски­те праз­ни­ци.

По­ра­ди тоа што мо­јот та­тко е Ал­ба­нец и мус­ли­ман, до­ма се сла­ви Ба­јрам и то­гаш це­ло­то се­мејс­тво е ту­ка. За Ве­лиг­ден  оди­ме на го­сти кај фа­ми­ли­ја­та на мај­ка ми, кај ба­ба ми и та­му сме со се­мејс­тво­то и се­ко­гаш пре­ов­ла­ду­ва по­зи­тив­на ат­мо­сфе­ра – ко­мен­ти­ра таа.

Неј­зи­ни­те ро­ди­те­ли ни­ко­гаш не се ме­ша­ле во неј­зи­ни­от из­бор на вер­ска или на­ци­о­нал­на при­пад­ност.

Тоа е мо­ја од­лу­ка и сум гор­да на тоа што сум и ни­ко­гаш не би сме­ни­ла ни­што од тоа. Мул­ти­ет­нич­ки­те рас­пра­вии  во зем­ја­та и по­ли­ти­ка­та за мо­е­то се­мејс­тво не се важ­ни. Ед­но­став­но, ро­ди­те­ли­те ре­ши­ле да би­дат  за­ед­но та­кви ка­кви што се. Нив­на­та љу­бов е пре­го­ле­ма, а нив­на­та кул­ту­ра пре­ви­со­ка за да доз­во­лат да се за­ни­ма­ва­ат со ни­ски раз­мис­лу­ва­ња – до­да­ва на­ша­та со­го­вор­нич­ка.

Таа сме­та де­ка не е проб­лем ве­ро­ис­по­вед­та, ту­ку на­ци­о­нал­но­ста:
Проб­ле­мот е што лич­но­ста е од ма­ке­дон­ска на­ци­о­нал­ност, или од ал­бан­ска, а не што е пра­вос­ла­вен или мус­ли­ман. За жал, тоа е та­ка… Но, се­пак, си­те пр­сти не се исти и се­кој има пра­во за сво­ја од­лу­ка со ко­го ќе би­де во брак. 

Пишува: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top