| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Ќазим Османи не бил уапсен

kazim

Ќазим Османи

Контроверзниот албански бизнисмен Ќазим Османи наречен Феликс, кој вечра сам сe пријави во полиција денеска е пуштен од притвор.

Манда Поповиќ, неговата долгогодишна девојка која во полиција пријавила дека тој ја удрил, го сменила исказот. Сега вели дека не ја удрил Ќазим туку негов пријател.

manda

Манда Поповиќ

Контроверзниот албански бизнисмен Османи денеска бил сослушан а потоа пуштен.

Тој, според српски Телеграф, на сослушувањето рекол дека инцидентот се случил во хотелот Зира, а Манда добила шлаканица но не од него туку од негов пријател, чие име не сакал да го открие.

manda popovic

Манда Поповиќ

По него, била сослушана Манда Поповиќ. Денеска имала поинаков исказ, ист како на Османи – дека не ја удрил тој туку негов пријател.

kazim bekvalac

Ќазим Османи со Наташа Беквалац

Османи бил во врска со Наташа Беквалац,а доведуван е во врска и со Ана Николиќ. Блиц пишува дека тогаш, кога се зборувало за врска меѓу Ана и Османи,  Манда Поповиќ брутално ја претепала Ана Николиќ.

ana-nikolic

Ана Николиќ

 

Таа учествувала во сличен инцидент пред 4 години, односно била главна осомничена за претепувањето на Србинка.

natasa-bekvalac

Наташа Беквалац

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top