Политичката партија ДОМ која е дел од владината коалција на претстојните локални избори ќе настапи самостојно со советнички листи во 40-тина општини во Македонија и во Градот Скопје, а коалиционо за градоначалници.
Ова одлуката на Извршниот одбор на партијата од пред една недела, се очекува да биде потврдена на утрешната седница на Централниот одбор.
Изборната кампања, вели Тони Ристов, портпаролот на ДОМ, ќе биде позитивна и ќе промовира политичка култура на толеранција, разум и одмереност.
– Сакаме да покажеме дека на политичката сцена трпеливо работи политички субјект со автентична програма, ни лево ни десно, ни црно, ни бело, туку зелено. На граѓаните на Република Македонија ќе им понудиме ЗЕЛЕНА програма базирана на „Платформата за зелени општини“ која ДОМ ја претстави пред една година. Приоритетни се девет столбови: Демократија и човекови права; ефикасна заштита на животната средина; зелена економија со зелени работни места; еко-земјоделие; еко-туризам; обновливи енергии и енергетска ефикасност; зелени градови; социјална правда и еднакви можности; образование, наука и култура. Она што ќе биде карактеристика за листите на ДОМ ќе биде и големата застапеност на жени како кандидатки и носителки на листите, зашто родовата рамноправност ни е во приоритетите – вели Ристов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДОМ: Зошто Уставниот суд не постапува по пријавите за скандалозните ДУП-и во Карпош?
-
Собранието на Република Македонија вработува тројца советници: Плата 36. 855 денари
-
Колкава плата ќе земаат шестте нови советници на Заев?
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)