| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват се бара со потерница на Интерпол за убиство на својата девојка

Хрватски државјанин се бара за убиство на Украинка. Украинската полиција распишала потерница за Хрватот Бранимир Чалета, поради сомнение дека ја убил триесетишест годишната Ана Китаева, која била и негова вереница. Таа била пронајдена мртва под креветот во хотелска соба во хостелот Менорах во украинскиот град Дњепропетровск.

Бранимир и Ана, која е постара од него седум години последен пат биле видени заедно на 17 септември минатата година во хостелот. Следното утро собарката додека ја чистела собата под креветот во крвав чаршав го пронашла мртвото тело на Ана. На главата имала повреда нанесена од непознат предмет. Ана во моментот на убиството била бремена во седмиот месец. Хрватот избегал во непознат правец.

За Бранимир била распишана потерница повеќе од една година, а украинската полиција службено го сомничат за убиство со предумисла на бремената Ана Китаева. Медиумите во Хрватска пишуваат дека тој се наоѓа во својата земја во малото село Виновац, кај Трогир. Живее со неговиот татко и продава овошје на локалниот пазар.  За потерницата по него случајно дознале неговите колеги кои сурфајќи налетале на неговата фотографија.

hrvat1

– Мислам дека некој се јави во полиција, но ништо не се случи. Бранимир остана да работи уште неколку дена, а потоа исчезна. Не ни беше сеедно што е тука, откако дознавме за веста – раскажал колега на Бранимир.

Полицијата сѐ уште молчи повикувајќи се на законот за заштита на лични податоци. Општинскиот суд тврдел дека не е запознаен со потерницата на украинскиот интерпол.

Со влегувањето во Европската унија Хрватска нема обврска да го испорача Бранимир на Украина, но согласно важечките прописи на Интерпол тој ја информирал оваа служба дека тој се наоѓа на нејзина територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top