| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос соработува со тајните служби на поранешните југословенски земји

Soros1

Џорџ Сорос овој пат на тапет на медиумите во Канада, и тоа поради неговото финансирање на НВО секторот во Македонија. По откриените скандали со финансирањето на радикални исламистички групи на територијата на САД, тој се поврзува со поранешни соработници на тајните југословенски служби – објави Атлас.

Тие се повикуваат на информации на DIGITAL  JOURNAL и Canadian News Wire според кои групите финансирани од Џорџ Сорос се обединети против законот за лустрација донесен во 2009 година под притисок на Европската Унија.

-Европското инсистирање денешните државни институции да се прочистат од кадрите на поранешните тајни служби е медиумски осудено од повеќе невладини организации кои се финансирани од Институтот „Отворено Општество“. Институтот кој е предводен до Владимир Милчин, за кого исто така постојат докази дека е соработник на поранешните тајни служби, е најголемиот спонзор на НВО секторот во Македонија. Групите финансирани од Сорос се обидуваат да докажат дека Законот за Лустрација е неуставен, и дека наводно ги крши човековите права, бараат негово укинување, како и поништување на одлуките донесени согласно овој закон. На ваков начин, злосторниците кои некогаш уништувале или одземале туѓи животи, денес наидуваат на огромна поддршка токму од Џорџ Сорос – стои во натписот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top