| четврток, 6 декември 2018 |

„Озил, те молиме врати се“

Навивачите на Реал Мадрид веќе се пожалија за тоа што нивниот тим летоска плати 91 милиони евра за Герет Бејл, а со тоа мораа да му го продадат Месут Озил на Арсенал.

Мезут Озил дојде во Арсенал во последниот ден од преодниот рок за отштета од 50 милиони евра. Досега Озил ги оправда парите даде три гола и пет асистенции, додека пак Бејл никако да се докаже во Реал, тој настапи само во шест меча поради повреда, а даде само еден гол.

Новиот тим на Озил во саботата славеше над Кристал Палас, а Германецот на неговиот  профил на „Фејсбук“ напиша колку е добро да освоите и три бода и потоа да следите натпревари од целата Европа.

Озил доби и голем број одговори, а повеќето од навивачи на Реал:

– Требаше сега да играш на дербито Барселона-Реал

– Озил = Мадрид

– Те молам , врати се

– Му требаш на Мадрид

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top