| четврток, 6 декември 2018 |

Панчо со свој сет во Швајцарија

Македонскиот диџеј Шорти Пи ака Панчо оваа сабота (2-ри ноември) ќе има свој сет во Шафхаусен, Швајцарија, во тамошниот клуб „Тап Таб“. По одличните настапи летово на хипхоп-фестивалот „Фреш ајланд“ во Хрватска и последниот во клубот „Фристајлер“ во Белград, следна дестинација за Панчо е легендарниот швајцарски клуб каде што настапиле многу еминентни диџеи и артисти.

– Ова е мој втор сет во „Тап Таб“ и презадоволен сум што сум оставил одличен впечаток кај швајцарската публика, која има истенчен вкус кога се работи за музика – вели Панчо.

Познатите светски хитови, но и нови синглови од хип-хоп и ар-ен-би, ќе бидат дел од репертоарот на Панчо в сабота во Швајцарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top