| четврток, 6 декември 2018 |

„Катимерини“: Атина го заостри ставот за името

katimerini nimicГрчкиот весник „Катимерини“ анализира дека Атина го зацврстува ставот за опсегот на употреба на компромисното сложено име. Во анализата се додава дека двете страни се сложуваат за географска одредница, но имаат различни ставови за тоа каде таа треба да стои.
„Новата рунда преговори беше со цел да се одржи чувството на динамика, но не и да се даде нов предлог за името“, коментира „Катимерини“.
Атина го одби последниот предлог за името „Горна Република Македонија“ со аргумент дека географската одредница не може да биде пред „Република“ затоа што тоа се однесува на државното уредување, а не на земјата. Според „Катимерини“, овој аргумент има поддршка во меѓународната заедница. Провладиниот весник и овој пат наоѓа начин како да ја обвини македонската страна, па така пишува дека во приватни разговори со „Катимерини“, одговорни западни дипломати како главна пречка ја наведуваат арогантноста на Груевски кој вели дека додека е на власт, нема да има решение кое ќе ја негира нацијата и јазикот на Македонците.
„Друго трнливо прашање е опсегот на употреба. Атина инсистира на тоа името што ќе се договори да се применува секаде“, додава весникот.

„Во ОН истакнуваат дека заострувањето на грчкиот став и упорноста на Самарас за целосно имплементирање на ерга омнес не помагаат во напорите за посредување иако признаваат дека во овој момент грчката позиција се базира на логиката и практичноста на секое решение“, наведува „Катимерини“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top