| четврток, 6 декември 2018 |

Предлогот за името на Василакис е: „Славјанско-албанска Македонија“

Грција останува на позицијата за формулата „ерга омнес“, пишува утрешен „Дневник“. Весникот оценува дека јужниот сосед си игра мајтап со преговорите и со предлозите за името.

 Според информации на „Дневник“, грчкиот преговарач Василакис на пооследната рунда преговори соопштил дека официјална Атина сè уште размислува која би била географската одредница наменета за нашата земја.

Весникот јавува дека Василикас предложил, дека за Атина прифатливо би било името „Славјанско-албанска Македонија“.

„Дневник“ јавува дека грчкиот преговарач инсистирал „новото име да се најде и на сите документи, сеедно дали се тие за надворешна или внатрешна употреба, а сметал дека не е никаков проблем да се смени и нашиот Устав“’.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top