| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од кафемати запленети на Ќафасан

Цариниците на граничниот премин Ќафасан во текот на изминатата седмица запленија 1.396 резервни делови за кафемати, објави „Охрид прес“.

Како што информираат од царинската управа на Македонија, запленети се дозери, пумпи, вентили, филтри, термопрекинувачи, црева, гумички, метални шајбни, метални осигурувачи и слично, како и 3,4 килограми средства за чистење на кафемати.

Резервните делови биле откриени во патничко возило со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле тројца македонски државјани.

Непријавената стока е пронајдена во багажниот простор и во просторот за резевна гума на возилото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top