Агенцијата за храна и ветеринарство неделава во месарница во скопската населба Ново Лисиче заплени и уништи 100 килограми небезбедни димени месни производи и спречи да стасаат до крајниот потрошувач.
Како што соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство истрагата од инспекциската контрола констатирала дека небезбедните димени производи потекнуваат од несоодветен, нехигиенски и неодобрен објект кој се наоѓа во скопското село Ајватовци. Во нелегалниот и недозволениот објект во скопско Ајватовци се пронајдени и уште неколку стотини килограми небезбедни димени месни производи и други преработки од месо и се уништени веднаш.
Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во соопштението, го затвори нелегалниот објект и на соспствениокот му изрече парична казна во висина од 10.000 евра, а во исто време во процедура е и постапка за покренување кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.