| четврток, 6 декември 2018 |

Ангел Лазов бил „мозокот“ на измамата со становите на фризерката Благица Дончевска

Роднината на фризерката Благица Дончевска – Кирил потврди дел од нејзината одбрана дека и таа како него била жртва на измама односно дека нејзиното семејство платило 35 илјади евра за 3 станови а идеологот на оваа измама бил извесен Ангел Лазаров кој сега е во странство, објави „Канал 5“.Според она што можеше да се слушне во судницата Лазаров му се претставувал на дека работи во одредени служби на МВР за кои подобро е да не го прашува а Кирил му верувал затоа што тој постојано бил опкружен со полицајци и полициски началници.
Становите кои ги нудел Лазаров а се доделувале преку владата и биле со холандска и американска донација никој не ги добил ниту тој ниту  Дончевски и нивните кум и старосват рече сведокот. Со него од почетокот на 2012та рече дека изгубил секаков контакт со него. Според Кирил, Лазаров имал бугарски пасош и станови во Минхен но последно за него разбрал дека е во Петрич Бугарија.
Според него тука завршила целата приказна со становите и тој ниту и рекол на Дончевска да нуди становите ниту зел од неа пари кои ги уплатиле 40тината оштетени граѓани. Токму поради спротивставените тврдења на барање на обвинителот тие се соочија во судница. Еден наспроти друг рафално разменија обвинувања
Благица: Гневна сум што после 220 дена притвор три деца дома и 40 оштетени луѓе зошто Кирил не признаеш дека ти предавав пари од оштетените. Тврдам дека над 400 илјади евра му се дадени на рака. Не 200 уште 400 дена ќе лежам ама сакам да признаеш. Лажеш лажеш!
Кирил : Не лажам Благица. Ни 4 центи од тебе не сум зел. Ниту сум имал средби со тебе. Освен тие 35 илјади евра други пари не сум зел од тебе
Сведочеа и мајката и сопругот на фризерката. И двајцата тврдеа дека не знаеле како Дончевска ги заработува големите суми на пари иако фризерницата веќе не и работела. Мајка и тврдеше дека се криела од неа но од друга страна тврдеше дека токму зетот се расфрлал со парите купувал скапи коли мотори билијард клуб кој целосно го опремил така што и лустерите над масите вределе по 1500 евра.
Сопругот пак во судницата тврдеше дека воопшто не знаел со што се занимава Благица и не ни помислувал на она за што е обвинета. Мислел дека како и друг паат кога им требале пари дека позајмува од првиот сопруг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top