| четврток, 6 декември 2018 |

Починала жена од скопско Волково под неразјаснети околности

brza pomos

Педесетидевет годишната Бранка Ч. од скопското село Волково починала од  повреда на слезината, најверојатно од удар во слабинскиот дел. Ова го сооштија од полицијата, откако во петокот околу шест часот наутро Бранка Ч. со брза помош била донесена во одделението за интензивна нега КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје. Но, издржала само еден ден.

По извршената обдукција констатирано е дека починала од повреда на слезината, здобиена најверојатно од удар во слабинскиот дел. Починатата била примена на КАРИЛ  на 31-ви минатиот месец.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top