-Во знак на солидарност со претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, советничката група на коалицијата „Сојуз за иднината“, денеска ја напушти седницата на Советот на општина Струмица – јави СДСМ.
Координаторот на советничката група, Јосиф Христов, вели дека „СДСМ нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја преземат контролата врз општина Центар“.
По неуспехот со изборната тортура власта е во нов поход, преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните. Единствениот грев на Претседателот на ОО на СДСМ Центар и Претседавач на Советот на Општината е што не попушти под заканите и притисоците на власта. Бараме судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода. Судот да не ја користи мерката притвор како казна за Шиповиќ и за неговото семејство. Ја повикуваме власта да престане со притисок судот однапред да му пресуди на Шиповиќ, а со тоа и на волјата на граѓаните во Центар. Очекуваме дека кај ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ќе проработи разумот и ќе се обезбеди непречено функционирање на Општина Центар, изјави Христов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.