Едно момче на 17 годишна возраст загина, а уште двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила во петокот навечер во Радовиш. Како што соопшти полицијата, по 22 часот на улицата „Свети Спасо Радовишки“ во Радовиш, се случила сообраќајна незгода во која возилото „фолксваген лупо“ со радовишки регистарски таблички управувано од 19-годишниот С. М., удрило во железен предмет кој во моментот бил подигнат од работна машина „вилушкар“. Возилото потоа удрило во паркирана лесна приколка, по што завршило во камен ограден ѕид.
Во несреќата, од здобиените повреди, 17-годишен сопатник Стојан М. починал на пат кон Клиничкиот центар во Штип. Возачот С.М. и вториот сопатник А. Р. кој, исто така, има 19 години се здобиле со тешки телесни повреди и се задржани на лекување во Клиничкиот центар во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


