Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, од денеска ќе престојува во тридневна посета на земјава.
Неговата посета следува по објавувањето на извештајот на Европската комисија за земјава, во кој беше дадена нова препорака за почеток на преговори со Македонија, но имаше и многу забелешки.
Ховит во Скопје ќе разговара со сите релевантни политички фактори и институции во земјава, како и со претставници на граѓанскиот сектор и со новинарските здруженија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.