Триесет и петгодишен член на навивачката група „Забранети“ е убиен при закажана пресметка со ривалската фракција на навивачите на фудбалскиот клуб „Партизан“, „Алкатраз“.
Владимир Живковиќ од Нов Белград е убиен во петокот при судирот меѓу двата табота на „црно-белите“ кој што се случил во дворот од основното училиште „Филип Вишниќ“ на Карабурма. Телото на навивачот било пронајдено 20 метри од патот.
Според полицијата, навивачите ја договориле пресметката и во закажанот време се појавиле десетина припадници на двата табора. Живковиќ бил предводник на групата на „Забранети“.
Во тепачката биле користени ножеви и палки. Според полицијата, Живковиќ се обидел да побегне од тепачката пресконувајќи ја оградата на училиштето, но тогаш бил забележан од еден од припадниците на спротивставената група кој го удрил од зад грб. Живковиќ потоа ја прескокнал оградата, ја преминал улицата, но кратко потоа паднал и починал. Полицијата ја повикале жители на блиските згради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.