| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките дипломати го советуваат Самарас како да ја обезличи Македонија

Ако Грција прифати сложено ерга омнес име со географска одредница, да бидат вклучени и јазикот и идентитетот, да има одлука и од Советот за безбедност, а договорот да биде одобрен од грчкиот народ преку референдум, бараат 23 поранешни грчки амбасадори, потписници на писмото упатено до премиерот Андонис Самарас, објавиКанал 5.

-Би сакале да го изразиме нашето убедување дека прифаќањето од наша страна на име со географска одредница, па дури и да е за сите употреби, нема да ги спречи, туку напротив ќе ги зголеми нападите и иредентизмот на скопјаните. Секое прифаќање од наша страна на „сложено име со географска одредница за севкупна употреба“, воопшто нема да ја спречи намерата на Скопје и нивните неисториски поткрепени ставови за „македонски јазик“, „идентитет“ и „нација“, бидејќи вклучувањето на терминот Македонија во името на земјата им дава можност, не само да се придржуваат до фалсификувањето на историјата, туку и да ги активираат барањата, базирани на нивната бесмислена теорија за обединување на „поделената Македонија – , му пишуваат поранешните амбасадори на Самарас.

Дипломатите сметаат дека Грција е таа кој што го има ексклузивното право на македонизмот и токму поради тоа треба договорот да биде, не само за името, туку и за јазикот и идентитетот. Тие, освен што ја обвинуваат Македонија дека ја прекршува Времената спогодба, сметаат дека нашата земја шири пропаганда за македонско малцинство во Грција, и се обидува да ја нападне земјата во меѓународните организации за непочитување на човековите права.

За македонскиот јазик велат дека е словенски дијалект кој малку се разликува од јазикот на „братската земја на Скопје“, а според екс амбасадорите, на оваа братска земја и пречат и „лажните тврдења за македонски идентитет и нација“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top