Зошто Јованка Броз непосредно пред смртта побарала да биде погребана со нотите од „Бела чао“ (Bella Ciao)? Тоа е песна на италијанските партизани од времето на Втората светска војна, па и изборот на Јованка, која важела за еден од најхрабрите борци на партизанските единици, не е необичен. Авторот на песната до ден денес останува непознат, а ја пееле сите анархистички, комунистички и социјални борци, како и целото левичарско антифашистичко движење на отпорот во Италија.
„Бела чао“ била официјалната „химна“ на партизаните, но низ целиот свет набрзо станала симбол на борбата против неправдата, или како што многумина ја опишале, „песна на слободата на духот, желбата за општа слобода“.
Јованка сите тие права ненадејно ги изгубила со смртта на Тито, кога целиот нејзин имот бил национализиран и кога била ставена во домашен притвор. Била оставена да живее во старата и запуштена „вила“ на Дедиње, чиј покрив прокиснувал, а греење никогаш немало. Омаловажувањето одело до таму што личната карта и пасошот ги добила дури по 30 години чекање.
Јованка Броз до крајот остана дама, горда и пркосна. За својата мачна борба низ животот не сакала да зборува ни во последните денови. Таа одбра песна. „Догледање убавице“, твојата борба заврши.
Преземено од МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.